Достапни линкови

Меркел:Се уште има разлики за формирањето влада


Архивска фотографија-германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека има уште многу точки на несогласување во однос на постигнувањето на коалиционен договор за формирање влада со социјалдемократите. По новата рунда преговори, таа рече дека има сериозни разлики, има уште многу работа, но дека се надева дека ќе успеат да ги решат проблемите.

Претседателот на социјалдемократите Мартин Шулц исто така оцени дека има уште работа за да се постигне договор. Преговорите се очекува да се завршат во недела навечер.

Германските партии не успеаа да формираат влада по парламентарните избори што се одржаа кон крајот на септември минатата година, а на кои ниту една партија не доби мнозинство за сама да формира влада.


XS
SM
MD
LG