Достапни линкови

Ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“


Никола Груевски пред Суд на претходно рочиште за предметот „Насилство во Центар.“

Во Кривичниот суд денеска почна ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“, на кое присутни се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова кои се меѓу 12 лица обвинети во овој предмет.

Не претходните рочишта вина за настаните пред општина Центар во 2013 година признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и првообвинетиот Јордан Ристевски, кои добија условни казни.

Обвинетите во предметот се товарат за поттикнување на насилство што се случи на протестите во јуни 2013 година. Според новиот распоред предметот ќе го суд судијата Душан Јосифов.

XS
SM
MD
LG