Достапни линкови

Русија одбележува 75 години од победата во Сталинград


Волгоград

Рускиот претседател Владимир Путин се очекува да учествува на церемоните во градот кој порано беше познат како Сталинград за одбележување на 75 годишнината од една од најкрвавите битки во Втората светска војна. Годишнината во Волгоград ќе се одбележи и со парада на која ќе учествуваат и 75 тенкови. Петмесечната битка за Сталинград стана симбол на советскиот отпор против нацистичката окупација и претставува пресвртен момент во Втората светска војна. Се верува дека притоа загинале над милион луѓе.

XS
SM
MD
LG