Достапни линкови

Шефовите на три руски разузнавачки служби престојувале во Вашингтон


поручник Игор Коробов, шеф на Директоратот за разузнавање или ГРУ

Директорите на трите главни руски разузнавачки и шпионски агенции во изминативе денови престојувале во Вашингтон. Ова, според посматрачите, е многу неввобичаено со оглед на зголемените американско руски тензии. Рускиот амбасадор во САД потврди дека Сергеј Наришкин, шеф на разузнавачката агенција СВР деновиве бил во Вашингтон да се сретне со американски претставници во врска со тероризмот и некои други прашања. Но, воопшто не било познато дека во Вашингтон престојувале и двајцата други шефови Александар Бортников, директор на Федералниот безбедносен сервис или ФСБ и поручник Игор Коробов, шеф на Директоратот за разузнавање или ГРУ. Тие, според „Вашингтон пост“, во минатата недела се сретнале со директорот на ЦИА Мајк Помпео.

XS
SM
MD
LG