Достапни линкови

Средби на Заев со Вучиќ и Борисов во Давос


македонскиот премиер Зоран Заев

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на маргините на Светскиот економски форум во Давос вчера разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ и со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Како што напиша Заев на својот твитер профил, на средбата со Вучиќ разговарале за евроинтеграцискиот процес. Пријателството и соработката се клучни за евроинтеграциите на Западен Балкан во ЕУ. Заеднички се движиме напред, стои на твитер профилот на Заев.

И во разговорите со Борисов, доминирала темата за евроинтеграциите и забрзувањето на овој процес. Разговаравме за иднината на Европа и забрзување на интеграцијата на Западен Балкан, пишува на твитер профилот на премиерот Зоран Заев.

XS
SM
MD
LG