Достапни линкови

Нова демократија: Ципрас и Заев не споменаа ништо за ревизија на Уставот


Кирјакос Мицотакис, претседател на грчката партија Нова Демократија

Грчката опозициска партија „Нова демократија“ по средбата на премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос соопшти дека неопходни предуслови за постигнување решение за спорот со името е промена на уставот и елиминација на иредентистичките позиции. Оваа партија упатува критики до грчкиот премиер дека не може да преговара врз база на националните интереси. Претходно шефот на „Нова демократија“ Кирјакос Мицотакис изјави дека „нема да дозволи да ги делат Грците, за да ги обединуваат Скопјаните“.

XS
SM
MD
LG