Достапни линкови

Хан: средбата Заев-Ципрас е добра вест


Комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Јоханес Хан

Комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Јоханес Хан на Твитер оцени дека средбата меѓу премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас е добра вест. „Таа покажува храброст, визија и државотворност. Решавањето на ова прашање кое и предолго трае ќе биде добро за двете земји, за регионот и за Европа“. Еврокомесарот Јоханес Хан во Давос, како што е најавено, треба да се сретна со премиерот Зоран Заев.

XS
SM
MD
LG