Достапни линкови

Во Владата презентирана програмата на бугарското претседателство со ЕУ


зградата на Владата на Македонија

Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Великов Петков на вчерашната седница на Владата на Македонија ги презентираше програмата и приоритетите на бугарското претседателство со Советот на Европската унија. Како што соопшти владината прес-служба, на седницата во рамките на оваа точка свое обраќање имаше и шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар. „Двајцата амбасадори ги поздравија актуелните политики на Владата на РМ во однос на европските интеграциски процеси и нагласија дека очекуваат и понатаму во политиките на Владата на РМ да доминира политичка мудрост, како и одржување на напорите за национално единство за решавање на важните прашања во оваа фаза на пристапувањето на земјата во евро-атлантските иницијативи“, се наведува во соопштението на Владата.

XS
SM
MD
LG