Достапни линкови

Македонија поразена од Чешка ги загуби шансите за полуфинале


Ракометарот Филип Миркуловски на еден од натпреварите на првенството

Македонската ракометна репрезентација денеска го доживеа и вториот пораз од втората фаза по групи на европското првенство во Хрватска. Тимот на Раул Гонзалес беше поразен од репрезетацијата на Чeшка со резултат 25:24, иако речиси целиот натпревар до последните неколку минути имаше предност.

Македонија имаше шанса за изедначување на резултатот по истекот на регуларното време, но крилото Дејан Манасков не погоди седмерец. Ракометарите со тоа ги загубија шансите за пласман во полуфинале. Утре тие силите ќе ги одмерат со репрезентацијата на Данска.

XS
SM
MD
LG