Достапни линкови

Харадинај: убиството на Ивановиќ нема негативно да влијае врз дијалогот


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП Оливер Ивановиќ е трагичен настан, но оти нема да има последици по дијалогот меѓу Белград и Приштина. Тој во интервју за Хрватската телевизија рече дека властите во Приштина сакаат да се расветли убиството и да се открие вистината, наведувајќи дека можат да постојат „разни мотиви, политички и криминални, но оти тие не се етнички“. По повод посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ на Косово, Харадинај рече: „Вчера претседателот на Србија Вучиќ беше разумен“.

XS
SM
MD
LG