Достапни линкови

Сенатот го одложи гласањето за финансирањето на владата


Од седницата на Сенатот на САД

Американскиот Сенат го одложи за денеска гласањето за привременото финансирање на сојузната влада што доведе до затворање на работата на владата откако Белата куќа и Конгресот не успеаа да постигнат договор за финансирањето на владата. Гласањето требаше да се одржи синоќа, но беше одложено откако Републиканците и Демократите не постигнаа прогрес во разговорите. Демократите во Сенатот го блокираа гласањето за ова прашање на 20 јануари во обид да издејствуваат преговори во врска со договорот за заштита на околу 700 илјади имигранти од депортирање кои пристигнале во САД како деца и останале илегално.

XS
SM
MD
LG