Во Германија, Холандија и Белгија кои беа зафатени од силни ветрови предизвикани од бурата Фридерике имаше најмногу штети, но и жртви, а беше предизвикан хаос во сообраќајот. Беа откажани стотици летови, а железничкиот сообраќај беше во прекин. Илјадници домови останаа без електрична енергија.