Достапни линкови

ЕУ со повик за акција против руската пропаганда


Европската комисија ја обвини Русија за оркестрирање кампања за дезинформирање со цел дестабилизирање на Унијата и повика на интензивирање на мерките во борбата против оваа закана. Еврокомесарот за безбедност Џулијан Кинг во Европскиот парламент во Стразбур изјави: „Нема големо двоумење дека кампањата за дезинформирање од страна на Кремљ е оркестрирана стратегија, изнесувајќи ги истите приказни за дезинформирање на што е можно повеќе јазици, преку што е можно повеќе канали и се позачестено“. Според него, ваквата кампања била „екстремно“ успешна и затоа е потребен порешавачки одговор од ЕУ.

XS
SM
MD
LG