Достапни линкови

Столтенберг ќе се обрати во Собранието на Македонија


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг синоќа пристигна во Скопје и имаше работна вечера со премиерот Зоран Заев и други владини претставници со што ја започна неговата дводневна посета на Република Македонија. Како што објави Алијансата на својата веб-страница, Столтенберг заблагодарувајќи се на гостопримството нагласи дека ова е негова прва посета на Македонија како генерален секретар на НАТО. Се очекува, денеска генералниот секретар на Алијансата да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, како и со министрите за надворешни работи и за одбрана Никола Димитров и Радмила Шекеринска, со лидерот на опозицијата Христијан Мицковски, и со лидери на други политички партии. Столтенберг напладне ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Република Македонија. Во рамките на посетата, како што информираа од Владата, предвидена е заедничка прес-конференција на Столтенберг со премиерот Заев во прес-центарот на Владата.

XS
SM
MD
LG