Достапни линкови

Приоритетите на бугарското претседателство во ЕУ во Собранието на Македонија


Седница на Собранието на Македонија, архивска снимка

Амбасадорот на Бугарија во Македонија Иван Петков денеска во Собранието на Македонија ќе ги претстави програмата и приоритетите за работа на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ, а се очекува и ратификација на Договорот за добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија. На седницата на Комисијата за европски прашања која ја води Артан Груби, свои излагања освен Иван Петков, ќе имаат и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.

XS
SM
MD
LG