Достапни линкови

Вуцис: Голема шанса за решавање на спорот за името


Илустрација: Грчкиот Парламент.

Претседателот на грчкиот Парламент Никос Вуцис изрази оптимизам во врска со прашањето за името на Македонија, истакнувајќи дека постои голема шанса што не смее да се пропушти.

„Ова прашање беше одложувано долги години. Ова е важна шанса за негово решавање што може да се искористи и јас сум оптимист, изјави Вуцис за грчката државна телевизија, пренесува МИА.

Тој исто така изјави дека сите се заинтересирани за решавање на прашањето, особено ЕУ, НАТО и соседните земји наведувајќи и дека очекува оти ќе биде постигнато владини единство и парламентарно мнозинство во врска со евентуалниот договор за прашањето за името.

XS
SM
MD
LG