Достапни линкови

Грција негира дека е договорено ново име, Калифорнија под кал, Синдикалците ја тресат Атина...

Настаните на денот низ фотографии - 10 јануари
Покажи повеќе

ГРЦИЈА - Портпаролот на грчката влада ги демантира шпекулациите на медиумите на албански јазик дека е постигнат напредок во спорот за името и оти е договорено Македонија да го промени името во Република Нова Македонија, објавија грчките медиуми. Тој рече дека не се заинтересирани за многубројните шпекулации во врска со преговорите за името, туку за тоа да продолжат со преговорите на сериозен начин за да може во наредните неколку месеци да се дојде до решение за проблемот.
1

РУСИЈА / САД - Пункт за собирање потписи како поддршка за Владимир Путин, пред претстојните претседателски избори во Русија. Додека Русија се подготвува за избори, во новиот извештај на истражувачите на американскиот Сенат се предупредува дека Русија е охрабрена од своите напори да се меша во изборите во Европа и САД и повикуваат на посилен напор од Соединетите држави за одвраќање на Москва.
2

САД - Најмалку 13 лица загинале, а илјадници избегале од своите домови во јужна Калифорнија кога силна бура предизвикала поплави и лизгање на земјиштето. Во минатиот месец таму големи пожари ја уништија заштитна вегетација. На илјадници жители во округот Санта Барбара, покрај брегот на Пацификот северно од Лос Анџелес, им било наредено да се евакуираат.
3

КИНА - Експлодирал иранскиот танкер со нафта, кој пред неколку денови беше оштетен во судир со кинески товарен брод, соопшти денеска кинеското Министерство за транспорт. На иранскиот танкер во саботата ноќта изби пожар по судирот со товарниот брод. Во моментот на инцидентот танкерот превезувал околу 136.000 тони нафта. Надлежните стравуваат од еколошка катастрофа во тој дел од Кинеското море.
4

Вчитај повеќе

Категории

XS
SM
MD
LG