Достапни линкови

Албанската опозиција најави масовен протест на 27 јануари


Лидерот на најголемата албанска опозициска партија Демократската, Љуљзим Баша

Лидерот на најголемата албанска опозициска партија Демократската, Љуљзим Баша најави одржување масовен протест на 27 јануари. Тој ги повика сите албански граѓани да и се придружат на опозицијата на сенародниот протест против, како што рече, сиромаштијата, економската криза, против неправдата и правосудството кое е под заложништво на политиката. „Доколку денеска имаме нарко држава што се потврдува и од штотуку објавениот ивештај на ЦИА и САД, оваа нарко држава е изградена на темелите на беззаконие, кое е основа на украдени избори, што доведе до нелегален парламент, незаконски премиер, кој нелегално постави главен обвинител за да може да ги затвори досиејата за корупција, истакна Баша.

XS
SM
MD
LG