Достапни линкови

Името на дневен ред, Мицкоски најави реформи во ВМРО-ДПМНЕ, И лавини и лето во Италија, Олимпијадата ќе ги смирува двете Кореи...

Настаните на денот низ фотографии - 9 јануари 2018
Покажи повеќе

МАКЕДОНИЈА / ГРЦИЈА - Оваа година претставува историска шанса за надминување на недоразбирањето околу употребата на името на Македонија и како политичари кои ја добиле довербата да ги предводат своите граѓани имаме обврска да покажеме зрелост и сериозност и да не ја пропуштиме оваа шанса, истакна македонскиот вицепремиер за европски прашања Бујар Османи на средбите во Атина со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и заменик министерот за европски прашања Јоргос Катрагулос.
1

МАКЕДОНИЈА - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција пред Собранието истакна дека пратеничката група на партијата на координаци донела одлука дека нема да учествува во работата на законодавниот дом се додека, како што рече, не се создадат услови за нормално и демократско функционирање на институцијата.
2

МАКЕДОНИЈА - Пратеникот на движењето БЕСА Неџбедин Каремани изјави дека имал сериозни закани по неговиот живот и безбедноста на неговото семејство, наведувајќи дека со случајот бил запознаен и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој вели дека за лицата кои му се заканувале ја информирал полицијата и дека од него било барано да се повлече од функцијата пратеник.
3

МАКЕДОНИЈА - Град Скопје во изминатиот месец изрече четири казни за палење отпад, две на физички, две на правни лица, информираат градските власти наведувајќи оти дејствуваат превентивно со изрекување опомени за палење на отворено во рамки на мерката за справување со загадувањето на воздухот каде граѓаните можат да пријават на телефонската линија 193.
4

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG