Достапни линкови

Јункер нуди посредство во спорот меѓу Хрватска и Словенија


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер предложи посредување во решавањето на граничниот спор меѓу Словенија и Хрватска. Тој оцени дека овој спор не е само билатерално прашање, туку влијае врз целата Европска унија и врз перспективите на земјите од Западен Балкан да станат членки на Унијата. „Би сакале да се обидеме да поседуваме меѓу двете страни, секако врз основа на одлуката на Арбитражниот суд“, рече Јункер кој вчера во Брисел се состана со словенечкиот претседател Борут Пахор.

XS
SM
MD
LG