Достапни линкови

Јужна и Северна Кореја ги продолжија преговорите по две години


Делегации на Јужна и Северна Кореа се состанаа во демилитаризираната зона во Панмунџон, 09.01.2018.

Јужна и Северна Кореја денеска во пограничното село Панмунџон ги продолжија преговорите прекинати пред две години. Двете делегации се состанаа во демилитаризираната зона која всушност е граница меѓу двете земји кои никогаш не се имаат признаено меѓу себе и кои и натаму практично се во војна. Последните преговори на истото место беа одржани во 2015 година и тареле 44 часови без прекин. До новото затоплување на односите дојде откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на 1 јануари ја најави можноста за учество на севернокорејски спортисти на Зимските олимписки игри во Јужна Кореа.

XS
SM
MD
LG