Достапни линкови

Уапсени 11 принцови во Саудиска Арабија


Илустрација

Обвинителството на Саудиска Арабија соопшти дека 11 принцови од кралското семејство биле уапсени додека протестирале против мерките за штедење во земјата. Јавниот обвинител Сауд ал Мојеб изјави дека тие се соочуваат со обвиненија за нарушување на јавниот ред и мир. Принцовите беа уапсени по собирот во едно историско место во Ријад во знак на протест против владината одлука со која се прекинува исплатата на сметките за струја и вода на членовите на кралското семејство.

Според Мојеб, и покрај тоа што тие биле информирани дека нивните барање не се законски принцовите одбиле да го напуштат местото со што го нарушиле јавниот ред и мир. Саудиска Арабија воведе серија на мерки за штедење во изминатите две години бидејќи падот на цената на нафтата го зголеми буџетскиот дефицит на земјата.

XS
SM
MD
LG