Достапни линкови

Малезија не се откажува од потрагата по исчезнатиот патнички авион


Пронајдени остатоци од авионот во близина на брегот на Кејп Таун, Јужна Африка.

Властите на Малезија одобрија да се направи нов обид за пронаоѓање на остатоците од патничкиот авион кој исчезна пред речиси 4 години на лет од Куала Лумпур до Пекинг.

Според властите, за таа цел била ангажирана приватна компанија од Хјустон, Тексас и ќе и биде платено само доколку ги пронајде остатоците од авионот. 239 патници и членови на екипажот се превезуваа во авионот кој се загуби од радарите над Индискиот океан на 8 март, 2014 година и се претпоставува дека се урнал во море. Малезија, Кина и Австралија се откажаа од потрагата на авионот во јануари, минатата година.

XS
SM
MD
LG