Достапни линкови

Трамп подготвен за разговор со Ким Јонг Ун


Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Креја, Ким Јонг Ун.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е подготвен телефонски да разговара со лидерот на Северна Креја, Ким Јонг Ун. „Јас секогаш верувам во разговор“, им порача Трамп на новинарите за време на неговиот претстој во камп Дејвид како одговор на прашањето дали би зборувал со Јонг Ун кој го опишува како малиот човек ракета. Трамп истакна дека апсолутно би го направил тоа и дека не е проблем да разговара со лидерот на Северна Кореја, но посочи дека ќе има некои услови пред тоа да се случи.

Неговиот коментар доаѓа по најавите дека Северна и Јужна Кореја се согласиле прв пат по две години да одржат официјални разговори на кои главно ќе стане збор за учеството на Пјонгјанг на претстојните зимски олимписки игри кои ќе се одржат од 9 до 25 февруари

XS
SM
MD
LG