Достапни линкови

Иранскиот Парламент со седница за протестите во земјата


Учесници на антивладините протести во Иран

Иранскиот Парламент одржа специјална седница на која стана збор за антивладините протести кои траат повеќе од една недела. На затворената седница која беше свикана од реформистичката фракција на законодавците се барале причините за протестите.

Новински агенција јавија дека на седницата требало да присуствуваат и министерот за надворешни работи, шефот на разузнавачката служба и шефот на Советот за безбедност. На агендата било и барањето притворените демонстранти да имаат можност да добијат правна помош. Петти ден по ред се одржуваат и провладини протести низ целата земја.

XS
SM
MD
LG