Достапни линкови

Ји: Политичка волја и во Скопје и во Атина за решавање на спорот за името


Изјава на заменик помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Хојт Брајан Ји

Американскиот заменик-помошник државен секретар задолжен за европски и евроазиски прашања Хојт Брајан Ји смета дека има политичка волја и во Скопје и во Атина за решавање на спорот за името.

"Мислам дека Македонија има шанса во 2018 година конечно да го реши спорот за името со Грција. Првпат по долго време има политичка волја и во Скопје и во Атина, и Македонија има шанса да ја оствари оваа цел", вели Ји во интервју за ТВ Н1.

Како што наведува, НАТО има политика на отворени врати, никого не присилува да стане членка, а оние земји кои ги исполнуваат условите за членство се добредојдени.

XS
SM
MD
LG