Достапни линкови

САД ќе ги суспендира военитe вежби со Јужна Кореја до Олимпијадата


ЈУЖНА КОРЕЈА - Поглед на Олимпискиот стадион во Пјеонџанџ во изградба. 25 ноември 2017 година

Војската на САД ги потврди извештаите од Сеул дека ќе ги суспендира заедничките воени вежби со Јужна Кореја, до закажувањето на Зимските олимписки игри следниот месец во Пјеонџанџ. "Одделот за одбрана ја поддржува одлуката на претседателот и таа е во најдобар интерес на Јужна Кореја и САД", изјави портпаролот на Пентагон, полковникот Роб Менинг. Претходно канцеларијата на јужнокорејскиот претседател Мун Џе објави дека американскиот претседател Доналд Трамп се согласил да ги одложи сите воени вежби до Олимпијадата, која ќе трае од 9 до 25 февруари во Јужна Кореја. Трамп не ја спомна директно одлуката, и наместо тоа се осврна на обновената можност за разговори меѓу Северна и Јужна Кореја, нарекувајќи ја "добра работа". Суспензијата на воените вежби може да помогне да се олеснат тензиите пред Олимпијадата. Заедничките вежби меѓу САД и Јужнокорејските сили одамна го налутија Пјонгјанг, кој тврди дека тие се подготовки за инвазија на Северот. Во своето новогодишно обраќање на 1 јануари, севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ја предложи можноста да испрати делегација во Јужна Кореја, на разговори околу можното учество на Северна Кореја на Зимските олимписки игри

XS
SM
MD
LG