Достапни линкови

Османи: Македонија и Грција имаат континуирана комуникација


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека навреме и официјално ќе биде соопштено, кога ќе биде договорена посетата на Атина.

Повикувајќи се на свои извори, телевизиите „Скај“ и „Action 24“, весниците „То Вима и „Та неа“ и дел од грчките информативни портали, јавува дописникот на МИА од Атина, објавија дека в понеделник или вторник Османи, ќе ја посети Атина и ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и неговиот заменик Јоргос Катругалос.

"Имаме континуирана комуникација со Република Грција, со премиерот Алексис Ципрас, со министерот за надворешни работи Никос Коѕијас. Таа комунацијата ќе продолжи и понатаму, ќе има и редовни средби во наредниот период. Во услови на анимозитет и немање комуникација не може да очекува решавање на спорот со Грција, создаваме мостови, секоја посета на Атина или Скопје е еден мост повеќе", рече Османи по денешната неформална средба со бугарскиот амбасадор во земјава Иван Великов Петков, без да сака конкретно да каже дали в понеделник ќе ја посети Атина.

Тој и Петков имаа неформална средба во врска со бугарското претседалство со Европската унија во следните шест месеци.

XS
SM
MD
LG