Достапни линкови

„Дрисла“ казнета со 8.500 евра


Депонијата Дрисла

Согласно законот за квалитет на амбиенталниот воздух поведена е прекршочна постапка и ограничување на работата на правниот субјект депонија „Дрисла“ поради регистрирано пречекорување на дозволените граници за испуштање на инцелераторот, односно печка за горење на медицинси отпад, информираше на денешната прес-конференција директорот на Државниот инспекторат за животна средина Мирослав Богдановски.

"Казната се движи до 25 илјади евра. Прекршочната комисија донесе спогодбена одлука депонијата да се казни со 8.500 евра. Се постапи по Законот за амбинтален воздух. Имаат упатства во рок од 90 дена да постават филтри и да го решат проблемот", рече Богдановски.

Прашан дали во периодот од 90 дена ќе се гори медицински отпад во „Дрисла“, Богдановски рече дека депонијата смее да гори само осум часа во денот, не во три смени како што било претходно, кога тоа го дозволуваат временските прилики.

XS
SM
MD
LG