Достапни линкови

Хрватска ја повикува Словенија да го продолжи дијалогот


Архива: пиранскиот Залив.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на почетокот на првата владина седница оваа година изјави дека Хрватска и натаму ја повикува Словенија да го продолжи дијалогот и да избегнува еднострани чекори и инциденти, а во однос на словенечката најава за наплатување казни на хрватските рибари Пленковиќ рече дека истото може да го направи хрватската страна против словенечките рибари.

„Согласно тоа што го зборува словенечката страна, тоа се разбира го може и хрватската страна. Ги има сите податоци и доколку дојде до тоа се разбира дека и ние ќе посегнеме по такви чекори“, рече Пленковиќ.

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец вчера изјави дека словенечката полиција има право да наплатува казни за хрватските рибари кои ќе влезат во словенечки води во Пиранскиот Залив.

XS
SM
MD
LG