Достапни линкови

Турција ги критикува САД за мешање во нејзините внатрешни работи


Илустрација: Знамиња на САД и Турција.

Турција денеска ја критикуваше пресудата на американскиот суд, со која турски банкар е прогласен за виновен за помагање на Иран да ги избегне санкциите, наркувајќи ја одлуката како „неправедна и несреќна.“ Турското министерство за надворешни работи судењето го опиша како мешање во внатрешните работи на Турција без преседан.

Извршниот директор на „Халкбанк“ Мехмет Хакан Атила се осуден на пет ипол години затворска казна по пет од вкупно шест точки од обвинението. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно истакна дека случајот е политички мотивиран и дека претставува напад врз неговата влада.

XS
SM
MD
LG