Петмина македонски државјани се бараат со меѓународна потерница на Интерпол во врска со настаните од 27 април минатата година во Собранието, информира МВР.
Оттаму наведуваат дека со меѓународна потерница се бараат Никола Митревски, Александар Василевски, Младен Додески, Дејан Давидосвки и Митре Питроповски.
Тие се теретат за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Македонија, а судот им одреди притвор во отсуство.