Достапни линкови

Берлин сака мировни сили во Украина до март


германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел

Официјален Берлин сака да биде постигната спогодба за распоредување „сини шлемови“ на истокот на Украина пред руските претседателски избори во март годинава. Ова во Киев го изјави германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел. „Би сакал цврстото примирје да не зависи од изборите во Русија и се надевам дека ќе одобриме мандат за мисија на ОН пред руските избори“, рече тој, наведувајќи дека мисијата би требало да биде добро вооружена и распоредена во целата зона на судирот, а не само на линијата на фронтот.

XS
SM
MD
LG