Достапни линкови

Манфорт ги тужи Мулер и Министерството за правда на САД


Поранешниот директор на претседателската кампања на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манфорт

Поранешниот директор на претседателската кампања на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манфорт подесе тужба против специјалниот обвинител Роберт Мулер и американското Министерство за правда. Тој во тужбата наведува дека Мулер ги пречекорил овластувањата во истрагата против него за работи кои не биле поврзани со руското мешање во претседателките избори во 2016 година. Манфорт во октомври лани беше обвинет, но се изјасни дека не е виновен.

XS
SM
MD
LG