Достапни линкови

Мек Мастер: САД мора да спречат натамошно руско мешање


Главниот советник на Белата куќа Ејч Ар Мекмастер

Главниот советник на Белата куќа Ејч Ар Мекмастер вели дека една од најважните задачи во одбраната на националната безбедност на САД е да го открие „подмолното“ мешање на Русија во изборите ширум светот за да се спречи Москва повторно да се меша во демократскиот процес. „Она што треба да го направиме е да се дојде до начин да се справиме со оваа многу софистицирана стратегија“, изјави тој во интервју за „Гласот на Америка“, додавајќи: „Овој нов вид на закана Русија навистина ја усоврши, Се користат дезинформации и пропаганда и алатки на социјалните медиуми за вистинска поларизација на општествата и спротивставување на заедниците едни против други, за да ја ослабне нивната решителност и нивната посветеност". Американски разузнавачки служби заклучија во јануари минатата година дека рускиот претседател Владимир Путин наредил кампања за „влијание“ на изборите во 2016 година.

XS
SM
MD
LG