Достапни линкови

Времето денеска: врнежи од дожд и снег


Во Македонија во утринските и претпладневните часови со врнежи кои ќе бидат претежно од снег и кои ќе бидат пообилни на југозапад. Врнежите од снег повремено ќе засилуваат. Во котлините долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на југоисток само од дожд. Во западните делови ќе се формира снежна покривка, помала по котлините, а на планините ќе достигне околу 10 сантиметри. Ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од еден до 11 степени.

XS
SM
MD
LG