Достапни линкови

Дванаесетмина загинати во пожар во Њујорк


градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио

Во синоќешниот пожар во една станбена зграда во округот Бронкс во Њујорк загинаа најмалку 12 лица, вклучувајќи и едно новороденче, соопшти градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио, наведувајќи дека уште четири луѓе биле во критична состојба. „Ова е најголемата огнена трагедија што ја видовме во овој град во изминативе 25 години“, рече тој. Пожарот започнал на првиот кат и брзо се проширил на третиот кат од зградата, изјавија официјални лица. Причината за пожарот се уште не е утврдена.

XS
SM
MD
LG