Достапни линкови

Хаменеи: Реган беше помоќен и попаметен од Трамп


Иранскиот врховен верски лидер Ајатолах Али Хаменеи

Иранскиот врховен верски лидер Ајатолах Али Хаменеи изјави дека цврстиот став на американскиот претседател Доналд Трамп спрема Иран нема да донесе успех исто како и напорите на поранешниот претседател Роналд Реган. „Реган беше помоќен и попаметен од Трамп. Беше подобар актер во заканувањето. Тој исто така се крена против нас и собори наш авион“, наведе Хаменеи во вчерашниот говор. Во 1988 година американски воен брод собори ирански патнички авион над Персискиот залив при што загинаа 290 луѓе. Вашингтон призна дека тоа било грешка. „Но, Реган го нема, и според нашето верување сега се соочува со Божја одмазда, додека Иран напредува на сите полиња од времето на Реган“, вели Хаменеи.

XS
SM
MD
LG