Достапни линкови

Берлин и Париз ја охрабрија размената на затвореници во Украина


Размена на неколку стотици затвореници меѓу украинските власти и бунтовниците поддржани од Русија, 27.12.2017.

Германија и Франција ја поздравија вчерашната размена на неколку стотици затвореници меѓу украинските власти и бунтовниците поддржани од Русија кои контролираат дел од истокот на Украина. Во заедничкото соопштение издадено во Берлин се наведува дека канцеларката Ангела Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон ја поздравуваат примената на договорот за размена на на затвореници. Тие сметаат дека таквата размена треба да продолжи. При размената посредуваше поглаварот на Руската православна црква патријарх Кирил. Во судирите во источна Украина од април 2014 година загинале над 10 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG