Достапни линкови

Ердоган очекува САД да се откажат од одлуката за Ерусалим


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека очекува американската влада веднаш да ја укине својата „несреќна одлука" да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Ердоган напиша на Твитер дека ја поздравува „масовната поддршка" за Резолуцијата што беше изгласана денеска во Генералното собрание на ОН. Генералното собрание на ОН, на вонредна седница, со 128 гласови „за“, девет „против“ и 35 „воздржани“, усвои Резолуција со која се бара САД да го повлечат признавањето на Ерусалим како главен град на Израел. Македонија, како и повеќето европски држави, гласаше „за“ Резолуцијата.

XS
SM
MD
LG