Достапни линкови

Тачи: Косово не е Сирија, станува збор за европско прашање


Претседателот на Косово Хашим Тачи

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави во Приштина дека Косово не е Сирија за околу него да се ангажираат сите глобални актери, туку дека станува збор за европско прашање. Претходно претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Русија била подготвена да се вклучи во процесот на дијлогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. „Ние сме суверена и независна земја и конечните одлуки за добрососедските односи ги донесуваме сами како Косово“, рече Тачи, наведувајќи дека Европската унија е таа која го олеснува и води дијалогот. „Сакам да верувам дека Русија по завршувањето на тој процес нема да стави вето за членството на Косово во ОН“, додаде тој.

XS
SM
MD
LG