Достапни линкови

САД се уште без одлука за укинување на помошта по гласањето во ОН


Портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти синоќа дека се уште не е донесена одлука за укинување на помошта на земјите кои во Генералното собрание на Обединетите нации гласаа против САД. Трамп претходно се закани дека ќе им ја ускрати финансиската помош на државите кои ќе глсаат против неговата одлука да го призане Ерусалим за главен град на Израел. Вчера 128 земји гласаа за резолуцијата со која таа негова одлука се прогласува за неважечка. Портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојер изјави дека тимот на Трамп за надворешна политика е задолжен да испита разни можности за идните односи со тие земји, но оти се уште не е донесена одлука. Таа додаде дека гласањето во ОН нема да биде единствениот фактор што САД ќе го разгледуваат кога ќе решаваат за односите со другите земји.

XS
SM
MD
LG