Достапни линкови

Партиите за независност на Каталонија пред изборна победа


Каталонската изборна комисија соопшти дека врз основа на повеќе од 90 насто пребројани гласови, партиите кои се за независност на Каталонија се на пат повторно да добијат мнозинство во парламентот на тој шпански регион кој има 135 пратенички места. Доколку не дојде до промена и по пребројувањето на сите гласови, трите партии кои се залагаат за независност ќе имаат над 70 места, наведуваат новиснките агенции. Коалицијата „Заедно за Каталонија“ што ја предводи доскорашниот каталонски претседател Карлес Пучдемон би требало да освои 34 места, колку што би требало да има и сецесионистичката Републиканска левица. Сепак најголем број гласови би требало да добие партијата на центарот „Сјудаданос“ или „Граѓани“ која е против независноста на Каталонија со 35 мандати.

XS
SM
MD
LG