Достапни линкови

Џафери во посета на Албанија


Претседателот на Собранието на Македонија Tалат Џафери и албанскиот претседател Илир Мета во Скопје

Делегација на Собранието на Македонија, предводена од претседателот Талат Џафери, а во чиј состав се и пратениците Ејуп Алими, Бети Рабаџиевска-Наумовска и Реџеп Мемеди, престојува во тридневна посета на Албанија. Предвидено е претседателот на Собранието, Џафери, за време на посетата да има средби со претседателот на Албанија, Илир Мета, со претседателот на албанскиот Парламент Грамоз Ручи, заменикот на претседателот на Владата, Сенида Меси и со лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша. Џафери ќе го посети и Пустец, каде што ќе има средба со претставници на македонската заедница.

XS
SM
MD
LG