Достапни линкови

Турција го критикуваше ветото на САД на резолуцијата за Ерусалим


Советот за безбедност на ОН заседава за резолуцијата за Ерусалим, Њујорк, 18.12.2017.

Турција синоќа го критикуваше ветото на САД на резолуцијата на ОН со која би се барало од претседателот Доналд Трамп да ја повлече одлуката за признавање на Ерусалим за главен град на Израел. Официјална Анкара оцени дека со тоа Вашингтон ја загуби својата непристрасност на Блискиот Исток. Во соопштението на Минситерството за надворешни работи се додава дека фактот што за резолуцијата гласаа преостанатите 14 членки на Советот за безбедност бил најконкретен проказател за нелегимитетот на одлуката на САД за Ерусалим.

XS
SM
MD
LG