Достапни линкови

САД: Кина и Русија работат против американските интереси


претседателот на САД Доналд Трамп

Кина и Русија работат на штета на интересите на САД, оценува Белата куќа во новата стратегија за национална безбедност чии основи точки ги изложи претседателот Доналд Трамп. „Кина и Русија ги предизвикуваат моќта, влијанието и интересите на САД и се обидуваат да ја поткопаат американската безбедност и просперитет“, се наведува во документот во кој се додава дека тие две земји се решени да создадат помалку слободни и отворени економии, да ги зголемат нивните војски и да ги контролираат информациите со цел репресија на населението и ширење на своето влијание. Претставувајќи ја стратегијата Трамп изјави дека и покрај тоа Вашингтон ќе бара „големо партнерство“ со двете ривалски сили.

XS
SM
MD
LG