Достапни линкови

За лидерите од регионот 2018 клучна година за голем исчекор кон ЕУ


високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини

Премиерот на Македонија Зоран Заев оцрни дека навечерашната средба со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини во Брисел лидерите од регионот ја гледаат 2018 година како клучна за голем исчекор на сите држави во пристапувањето кон ЕУ, но и за интензивирање на регионалната соработка со максимална поддршка на инструментите на ЕУ за оваа намена. Тој на својот Фејсбук профил напиша дека најважна новост за државите од Западен Балкан во 2017 година беше најавувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер. Токму Стратегијата и нејзините клучни одредници беа главна тема на дискусија. На средбите беше констатирано дека сите држави од Западен Балкан треба да гледаат на оваа Стратегија како на јасен сигнал кон нив за нивната европска перспектива. Стратегијата, која Европската комисија ја подготвува за февруари, а која треба да ги даде насоките за пристапување на Србија и Црна Гора во ЕУ до 2025 година, како и за идните чекори што на патот кон ЕУ ги очекуваат Албанија, Македонија, БиХ и Косово, беше една од темите на состанокот. Овој неформален состанок претставува продолжување на разговорите на високата претставничка Могерини со балканските лидери од мај годинава, кога таа, исто така, ги собра на неформална работна вечера.

XS
SM
MD
LG