Достапни линкови

Најстариот син на поранешен турски премиер пронајден мртов


Поранешниот турски премиер Месут Јилмаз

Јавуз Јилмаз (38), најстариот син на поранешниот турски премиер Месут Јилмаз, е пронајден мртов во неговиот дом во истанбулската населба Бејкоз.

Телото на Јилмаз го пронашле неговиот телохранител и возачот. Тој бил легнат на кревет и застрелан во пределот на главата.

Според истражното тело, куршумот бил истрелан од десната страна на главата во права линија.

Според првичните информации, се претпоставува дека тој се самоубил.

Истрагата за случајот е во тек.

XS
SM
MD
LG