Достапни линкови

Напад врз пункт во Авганистан, убиени 11 полицајци


Илустрација: Авганистански полицајци на контролен пункт во провинцијата Хелманд

Најмалку 11 полицајци загинале, а двајца се ранети во талибански напад врз полициски пункт во Авганистан, соопштија тамошните власти. Нападот се случил во Лашкар Гах, главен град на јужната покраина Хелманд. Локални претставници велат дека имало 15 жртви и кај бунтовниците, но не соопштија детали.

Талибанците, чие силно присуство во Хелманд расте, ја презедоа одговорноста за нападот.

Тие речиси секојдневно ги напаѓаат безбедносните сили.

XS
SM
MD
LG