Достапни линкови

Протест во Џакарта поради признавањето на Ерусалим како главен град на Израел


Протест во Џакарта поради признавањето на Ерусалим како главен град на Израел

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците на главниот град на Индонезија, Џакарта, на протест против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Протестот го организира Индонезискиот Улема совет, највисокото исламско тело во земјата, со поддршка на владата и другите муслимански организации во земјата.

Според полициски проценки, на протестот излегле околу 80 илјади луѓе кои носеле транспаренти и палестински знамиња. Тие бараат од САД да ја повлечат својата одлука.

Одлуката на Трамп официјално да го признае Ерусалим за главен град на Израел и најавата за селење на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим предизвика бран реакции од меѓународната јавност.

XS
SM
MD
LG